Дома Трансфер зона После Бешикташ и Арапи тропнаа на вратата на Коњаспор за Јаховиќ

После Бешикташ и Арапи тропнаа на вратата на Коњаспор за Јаховиќ

0
jahovic

За македонскиот напаѓач од редовите на Коњаспор, Адис Јаховиќ во овој преоден рок владее голем интерес.

После Бешикташ медиумите во Турција објавија дека клубови од арапскиот свет тропнале на вратата на Коњаспор да се распрашуваат за Јаховиќ.

Меѓутоа во Коњаспор не се располжени да преговараат за трансфер на Јаховиќ за помалку од четири милиони евра.

Јаховиќ во Коњаспор направи трансфер минатата година од Гецтепе за сума од 1.5 милион евра. Минатата сезона тој ја заврши како трет стрелец во турското првенство, оваа сезона на 16 натпревари запиша шест гола и шест асистенции.

На почетокот од преодениот рок Бешикташ испратил понуда за Јаховиќ за сума од 1.6 милион евра, но истата експресно била одбиена.

Ќе потсетиме, неодамна во Коњаспор пристигна и Леонард Жута кој направи трансфер од Риека за 400.000 евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан ќе ја засилува одбраната од Лондон?

Милан загуби во дербито во Милано против Интер, па веќе се шпекулира дека тренерот Џанпаол…