Екипата на Милан никако да се задоволи, „росонерите“ најавуваат ново засилување и тоа од редовите на Барселона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Опцијата за доведување на Ренато Санчез пропадна, италијанскито гигант не успеа да се договори со Баерн Минхен, па нова мета на Виченцо Монтела е Рафиња Алкантара од Барселона.
Алкантара не е во плановите на Валверде, тој никако не успеа да се опорави од повредата против Рома која ја заработи во Лигата на шампионите пред две години.
Се шпекулираше и за негов трансфер во Ливерпул, како „мамец“ за Кутињо, но од тоа немаше ништо.
Рафиња е фудбалер кој може да игра на повеќе позиции, а Барселона не сака целосно да се откаже од неговите услуги, но би можеле да преговараат за позајмица.