Португалецот Кристиано Роналдо е голем оптимист пред утрешното финале во Лигата на шампионите.ар.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Реал Мадрид утревечер во Кардиф ќе има прилика да стане првиот клуб во историјата кој ја одбранил титулата во Лигата на шампионите.
Роналдо смета дека тоа е доволен мотив за него и неговите соиграчи, а освен тоа тој е убеден дека „кралевите“ се подобар тим од Јувентус.
„Трофејот во Лигата на шампионите нас не води директно во рајот. Очекувам тежок натпревар. Јувентус е одличен тим, одлично избалансиран, но убеден сум дека ние сме подобри и ќе го докажаме тоа. Се надевам дека ова ќе биде волшебна ноќ за нас, а трагична за Јувентус“, изјави Роналдо.