Дома Фудбал Англија Поранешен фудбалер на Евертон осуден на доживотен затвор

Поранешен фудбалер на Евертон осуден на доживотен затвор

Поранешниот фудбалер на Евертон Ли Тај (46) е осуден на доживотен затвор во Кина, пренесуваат медиумите во оваа земја.

Ли Тај призна дела давал и примал мито и на тој начин учествувал во местење на натпревари. Најголемите дела ги направил во период од 2019 до 2021 година кога беше селектор на Кина.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Многу ми е жал. Не требаше да паднам под влијание на работи кои во тоа време беа вообичаена пракса во фудбалот. Добивањето „успех“ на такви недолични начини ме направи нетрпелив и желен за брзи резултати.

 За да постигнам добар учинок посегнав по влијание на судии и подмитување на противнички играчи и тренери, понекогаш и преку клубовите. Ваквото однесување стана навика и на крајот постои опасност да станете зависен“, изјави Тај пред судот.

Ли Тај во Англија беше член на Евертон и Шефилд, додека за репрезентацијата на Кина собра 92 настапи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…