Дома Фудбал Италија Поранешен репрезентативец на Италија стана градоначалник

Поранешен репрезентативец на Италија стана градоначалник

Поранешниот репрезентативец на Италија и долгогодишен играч на Рома, Дамијано Томаси стана градоначалник на Верона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На изборите за градоначалник Томаси го победи адвокатот Федерико Сбоарину кој досега ја извршуваше оваа функција од 2017 година. Томаси претходно беше претседател на Сојузот на италијанските фудбалери.

Кариерата ја започна во Верона каде што преку младинскиот погон стигна до првиот тим. Најдлабока трага остави играјќи за Рома.

Член на римскиот клуб беше од 1996 до 2006 година, а во сезоната 2000/2001 го освои Скудетото со „волчицата“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Салах остро го нападна Слот

Мохамед Салах испрати остра критика кон менаџерот Арне Слот после поразот од Астон Вила. З…