Дома Македонски спорт Пораз во Варшава: Сега шансите за ЕП преку квалификациите се минимални (ВИДЕО)

Пораз во Варшава: Сега шансите за ЕП преку квалификациите се минимални (ВИДЕО)

0

Репрезентацијата на Македонија вечерва претрпе пораз од Полска и на тој начин скоро и да ги изгубивме шансите за пласман на ЕП преку квалификаците.

Полска вечерва не прикажа некоја посебна игра, меѓутоа трпеливо ги чекаа своите шанси од кои две искористија.

Во првите 45 минути Зјелински ја погоди пречката од нашиот гол, а нашата најголема закана беше преку слободниот удар на Алиоски.

Слична игра гледавме и во второто полувреме.

Полска искористи две шанси, прво преку Франковски во 74-тата, а шест минути подоцна нашата мрежа ја затресе и Аркадиуш Милик.

После овој пораз теоретски шанси постојат, но изгледа тешко. Австрија која вечерва ја победи Словенија сега има пет бода повеќе од нас и освен што е потребно ние да ги победиме Австријците на гости во следоното коло, треба и Летонија да ја победи Австрија или да одигра барем нерешено. Но за да ни одговара реми на Летонија и Австрија потребно ни е да ја совладаме Австрија со поголема разлика од онаа со која тие не победија во Скопје (1:4).

Ќе потсетиме Македонија шанса за пласман на ЕП има и преку Лигата на Нации каде што не очекува полуфинале од нашата лига против Косово.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Сари лаже дека Роналдо бил повреден

Португалскито фудбалер Кристиано Роналдо изгледа нема никакви проблеми со повреда, барем а…