Очекувано зголемена е заинтересираност на навивачите за следење на натпреварите од Ф4 турнирот во Келн, па поради тоа клубот обезбеди дополнителен број на билети што се веќе пуштени во продажба. Со ова бројот на македонски навивачи на полуфиналните и финални натпревари ќе биде поголем. Во информацијата од црвено-црните се вели:

Ова е нова шанса навреме да стигнете до билет за настапите на Вардар во Келн. Продажбата на билетите се врши во фан шопот на Вардар во СЦ „Јане Сандански” во Скопје и он-лајн преку http://vardarfanshop.com/index.php?route=product/category&path=70

Сите блок билети што се наменети за навивачите на Вардар се во сектор 218 во салата, место резервирано за нашите фанови.

Цената на блок билетите е иста, 17.300 денари. Во оваа цена е вклучен само билетот за натпреварите (полуфинале и финален ден)


Следете го Sportski.mk и на


Со цел да им се овозможи на навивачите побрзо да дојдат до билети, продажбата на билетите се врши он-лајн преку http://vardarfanshop.com/index.php?route=product/category&path=70,а истите може да се купат и директно во фан шопот што се наоѓа во склоп на СЦ „Јане Сандански”

Ф4 турнирот од лигата на шампионите ќе с еигра на 26 и 27 мај во Келн. Во полуфиналето се среќаваат: Нант – ПСЖ (15,15 часот) и Вардар – Монпелје (18 часот).

За сите прашања поврзани со билетите за Ф4 турнирот можат да се добијат на следната адреса:
e-mail: contact@rkvardar.com
тел: + 389 70 323 952

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вујовиќ збесна во тајм-аутот против Вардар: Ако не добиете две исклучувања, ќе видите што ќе ви се случи! (ВИДЕО)

Ркометарите Вардар во СЕХА лигата последната победа ја остварија на гостувањето кај Железн…