Дома Фудбал Англија Пол Инс: Јунајтед како да го копира Ливерпул

Пол Инс: Јунајтед како да го копира Ливерпул

0

Ромелу Лукаку минатата недела во последниот ден од преодниот рок во Англија го напушти Манчестер Јунајтед и потпиша за Интер.

Белгиецот во 2017 година пристигна од Евертон на „Олд Трафорд“ и во две сезони одигра 96 натпревари и постигна 42 гола, а поранешниот играч на Јунајтед Пол Инс смета дека неговото заминување ќе биде голема загуба за овој клуб.

Инс кој во својата кариера покрај Манчестер Јунајтед играше и за Ливерпул, но и Интер смета дека „црвените ѓаволи“ ризикуваат да го копираат моделот на Ливерпул.

„Тешко ќе биде без Лукаку бидејќи тој секогаш постигнува голови. Се гледаше дека се ближи неговиот крај, но тоа што тој го нуди се сигурни голови во мрежата. Како клуб Јунајтед одеднаш загуби 20 голови по сезона и тоа е голема загуба која мораа да ја надополнат, неговите голови ќе недостигаат на Јунајтед“.

„Тоа прави притисок на Маркус Рашфрод и Ентони Марсијал. За Јунајтед да има добра сезона Рашфрод мора да постигне 20-25 голови и се уште не сум сигурен дека тоа може да го направи“.

„Кога го гледам Јунајтед чуствувам дека го копираат моделот на Ливерпул. Го доведоа Вирџил Ван Дајк, а Јунајтед го доведе Хари Мегваер, а изгледа тргнаа со три брзи напаѓачи како Марсијал, Лингард и Рашфорд“, изјави Инс.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Навивачка на Звезда помеѓу толпа навивачи го крена горниот дел и покажа се (ВИДЕО)

Вчера Црвена Звезда забележа одличен резултат и на гости против Јанг Бојс одигра 2:2. Во Б…