Дома Македонски спорт Мак ракомет Полувреме Македонија – Франција: Одбраната функционира, нападот е проблем!

Полувреме Македонија – Франција: Одбраната функционира, нападот е проблем!

После 30 минути игра Франција во СЦ „Борис Трајковски“ на првиот натпревар на Македонија на Европското првенство има предност од 12:5.

Почетните минути донесоа борбена игра без многу голови, Французинките првите погодоци ги постигнаа преку Алисија и Естеле за водство од 2:0, Грас беше третата ракометарка која ја погоди нашата мрежа во седмата минута.


ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓


Одбраната во овие минути може да се каже дека беше на ниво, меѓутоа недостасуваше идеја како да се најде патот до мрежата преку цврстата француска одбрана. Селекторот Савевски во таа седма минута го искористи правото на прв тајм-аут.

Ангела Јанкуловска во 12. минута заработи исклучување. Конечно до гол стигнавме на половина од првото полувреме кога, капитенот Сара Ристовска од вториот обид намали на 5:1.

Во последните десет минути Французинките влегоа со предност 6:2. Сликата на теренот не се смени премногу и понатаму ние тешко реализиравме, па после 25 минути игра имавме постигнати три гола. Франција во тие моменти водеше со 9:3. До паузата постигнавме уште два гола, но реализираа и Фрнацузинките.

Покрај Ристовска погодуваа, Симона Маџовска, Моника Јаневска, Јована Саздовска и Ивана Џатевска. Во редовите на Франција најефикасна беше Корали со три гола.

Фото: ЕХФ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Бабунски уште неседнат, си замина од Беса

Бобан Бабунски пред само три недели седна на кормилото на Беса, а денес си замина од тимот…