Возачите на Ферари ги освоија првите две позиции за трката во Сочи, за Големата награда на Русија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Себестијан Фетел ја освои пол позицијата. Германецот го возеше најбрзиот круг со време 1:33.194 минути. Веднаш до Фетел од првиот стартен ред трката ќе ја стартува Кими Раиконен, кој за 0,059 секунди имаша полошо време од клупскиот колега.
Трката во Сочи од вториот стартен ред ќе ја започнат возачите на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон.
Трката за Големата награда на Русија, на патеката во Сочи, ќе се вози денес од 14 часот.