Дома Фудбал Англија Познат еден од шестте позитивни на коронавирус во Премиер лигата

Познат еден од шестте позитивни на коронавирус во Премиер лигата

Англиската Премиер лига објави дека има шест позитивни после тестирањата за Ковид 19.

Во претходните два дена беа направени тестирања во клубовите и од 748 теста, шест биле позитивни.

Англичаните не ги објавија имињата на заразените, но подоцна Барнли соопшти дека позитивен на коронавирус е помошниот тренер на клубот Јан Воан.

„Фудбалскиот клуб Барнли ќе продолжи да ја следи првата фаза на протоколот за враќање на тренинг, истовремено придржувајќи се до упатствата на ПЛ во поглед на тестирањата на сите играчи и стручниот штаб два пати неделно.“ – се наведува во соопштението на Барнли.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Харгривс: Вернер ќе ја грее клупата во Ливерпул

Раководството на Ливерпул веќе подолго време работи на трансферот на напаѓачот на Лајпциг,…