
Хрватската фудбалска репрезентација го заврши настапот на Светското првенство откако загуби од Португалија со 2:1 во осминафиналето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Натпреварот беше неизвесен до самиот крај, а Хрватска остана без шанса за продолженија откако голот за 2:2 беше поништен по интервенција на ВАР поради офсајд. Според објаснувањето на судиската одлука, сензорот во топката покажал дека напаѓачот допрел до неа пред одбивањето од португалскиот дефанзивец, поради што офсајдот останал на сила.
По натпреварот, селекторот Златко Далиќ изјави дека неговиот тим не заслужил да биде елиминиран.
„Можеби не заслуживме да испаднеме. Бевме рамноправен противник на Португалија“, порача Далиќ.
Со оваа победа Португалија обезбеди пласман во четвртфиналето, каде ќе се соочи со Шпанија, која претходно убедливо ја совлада Австрија со 3:0. По елиминацијата, вниманието во Хрватска се насочи и кон спорниот поништен погодок, кој предизвика бројни реакции меѓу навивачите и фудбалските аналитичари.