
Хрватската фудбалска репрезентација го заврши својот настап на Светското првенство во осминафиналето, по драматичен пораз од Португалија со резултат 2:1. Головите на Португалија ги освои Гонсало Рамос во 94-та минута, со што Хрватска на болен начин остана без пласман во следната фаза. По завршувањето на натпреварот, Дејан Ловрен не го криеше своето разочарување, особено за начинот на кој беше примен одлучувачкиот гол.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Дејан Ловрен изрази остри критики за одлучувачкиот момент од натпреварот. “Сè уште размислувам за последната минута и поништениот гол. Боли, но мора да бидеме искрени – да примиш таков гол во последните минути е неприфатливо. Да скокне еден играч меѓу нашите тројца, а никој не реагира…” изјави Ловрен.
Искуствениот дефанзивец нагласи дека проблемот не е само во концентрацијата. “Разговаравме за концентрација, но тука е и желбата. Сакам да ја исфрлам таа топка. Не е тоа задача само на тројца или четворица, туку на сите. Ми е мачно кога гледам како еден играч успева да нè надскокне нас тројца од 1,90 метри. Лука Модриќ не го заслужи ова, како ни Матео Ковачиќ кој одигра одлично, ни Матановиќ кој донесе нова енергија, ни Сучиќ,” емоционално порача Ловрен, додавајќи: “Говориме за детали на највисоко ниво, за центаршутови, за покривање на човек. Ова едноставно боли. Ќе беше подобро ако Роналдо останеше во игра.”