Дома Фудбал Португалците признаа: Нè спаси технологијата

Португалците признаа: Нè спаси технологијата

Португалија со драматична победа од 2:1 против Хрватска обезбеди пласман во осминафиналето на Светското првенство. Натпреварот го одбележа моментот во длабока судиското надополнување кој им ги скрши срцата на хрватските навивачи, а Португалците ги спаси од продолженија благодарение на модерната технологија, пишуваат португалските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се играше дури 13-та минута од судиското надополнување кога Јошко Гвардиол ја затресе мрежата за она што изгледаше како изедначување на 2:2. Сепак, хрватското славје беше нагло прекинато бидејќи голот беше поништен поради офсајд на Марио Пашалиќ, а одлуката беше потврдена со помош на микрочип во официјалната топка на првенството, пишува португалскиот А Бола.

На прв поглед изгледаше дека Игор Матановиќ не ја допре топката пред да стигне до Пашалиќ. Сепак, сензорите внатре во топката детектирале исклучително благ допир на напаѓачот – не забележлив со голо око, но доволен да го постави Пашалиќ во неправилна позиција во моментот на испраќање на топката.

Таa информација, собрана во реално време, му овозможи на полу-автоматскиот систем за офсајд да ја потврди одлуката на судиската екипа и да го поништи голот кој би го однел натпреварот во продолженија. Графичкиот приказ генериран од технологијата по натпреварот јасно го покажа точниот момент на контакт на Матановиќ. За Португалците, ова беше една од најважните технолошки интервенции на турнирот, која им осигура победа и понатамошен пласман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Колина предизвика бура со изјава пеналот на Португалија: Поради вакви работи се губи довербата во ВАР!

Натпреварот од осминафиналето на Светското првенство меѓу Португалија и Хрватска предизвик…