
Фудбалската репрезентација на Португалија се пласираше во осминафиналето на Светското првенство откако во шеснаесетфиналето, во Торонто, ја победи селекцијата на Хрватска со 2:1.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во исклучително драматичен дуел беше видено дури четири поништени гола, од кои три во мрежата на Португалците, а капитенот на „коцкестите“ Лука Модриќ не го криеше разочарувањето од крајниот резултат.
„Натпреварот можеме да го гледаме низ два дела, во првото полувреме не игравме на нашето ниво. Игравме прилично дефанзивно, но во второто полувреме игравме навистина феноменално. Ова беше едно од нашите најдобри изданија. Можевме порано да го решиме натпреварот. Пропуштивме многу шанси, а потоа се случија работи кои ги сметам за неверојатни. Тешко е да се каже нешто паметно во овој момент, додека емоциите се уште се силни. Не сакам да кажам нешто погрешно. Заслуживме повеќе,“ рече Модриќ.
Модриќ се осврна на голот на Јошко Гвардиол во завршницата на мечот, кој беше поништен поради офсајд.
„Судијата рече дека Матановиќ ја допрел топката, но ние ја погледнавме снимката. Никаде не се гледа дека ја допрел топката. Така, според мое мислење, ако не ја допрел топката, немаше офсајд.“