Дома Фудбал Останато Познат добитникот на „Златната копачка“ за оваа сезона

Познат добитникот на „Златната копачка“ за оваа сезона

Заврши сезоната во најдобрите лиги во Европа. Освен што се знае кои се шампиони во првенствата, кој ќе оди во Европа, а кој во понизок ранг, интересно беше да се следи кој ќе биде најдобар стрелец во Европа.

Втора година по ред „Златната копачка“ ја освои полскиот напаѓач и напаѓач на Баерн Роберт Левандовски.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Во минатата сезона Левандовски постигна вкупно 35 гола во Бундеслигата, а зад себе ги остави Килијан Мбапе, Чиро Имобиле, Карим Бензема…

Минатата година Роберт Левандовски ја прослави својата најдобра сезона во Бундеслигата по голови. Напаѓачот на Баерн постигна 41 гол, еден повеќе од историскиот рекорд на Герд Милер.

И оваа година не е далеку од таа бројка. Сезоната полскиот напаѓач ја заврши со 35 гола на своето конто. Тоа значи дека во конечниот пласман освоил 70 бодови. Во поголемиот дел од сезоната, Полјакот и ја одржуваше предноста во однос на конкурентите.

Познато е дека ниту еден играч од најдобрите пет лиги во Европа нема да може да дојде до овој резултат, бидејќи сезоната во нив е завршена. Во некои други и послаби лиги тоа се уште трае, но разликата е преголема за Левандовски да ја загуби првата позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Претставени четири опции: Хајдук добива стадион од 200 милиони евра?

Хрватскиот фудбалски гигант Хајдук можеби ќе добие нов стадион со буџет од 200 милиони евр…