Дома Фудбал Познато што ќе се случи со играчите на кои позајмицата им истекува пред крајот на сезоната

Познато што ќе се случи со играчите на кои позајмицата им истекува пред крајот на сезоната

Нигеријскиот напаѓач Игало оваа зима пристигна во Манчестер Јунајтед на позајмица од кинески Шангај.

Игало добро ја почна авантурата на Олд Трафорд. Тој на осум натпревари за Црвените ѓаволи постигна четири погодоци. Нигериецот е одлучен да се докаже и да ги убеди челниците на клубот да го откупат неговиот договор по крајот на сезоната.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Игало со Јунајтед има договор до 30. мај, но сега сигурно е дека сезоната ќе трае подолго. Коронавирусот направи хаос во цела Европа и не е познато што ќе биде со играчите кои се на позајмица бидеји сезоната е трае подолго од планираното.

Во Шангај очекуваат Игало да се врати во клубот кога позајмицата ќе заврши, а Јунајтед има шанса да го откупи договорот. Сепак, се чини дека УЕФА ќе најде решение за играчите кои моментално се на позајмица.

Скај Спорт пренесува дека позајмиците ќе бидат продолжени од 30. мај до 30. јуни, односно играчите нема да се вратат во своите клубови и можат да ја завршат сезоната во моменталните клубови. Тоа ќе биде шанса за Игало да ги убеди челниците на Јунајтед да го откупат неговиот договор и да се задржи на Олд Трафорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…