Дома Трансфер зона Познато колкава ќе биде платата на Осимен во Галатасарај

Познато колкава ќе биде платата на Осимен во Галатасарај

Во текот на вчерашниот ден Виктор Осимен ја официјализираше својата позајмица во редовите на Галатасарај.

Турскиот клуб набрзо по потврдата за трансферот откри и детали од договорот.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Наполи нема да добие ништо за позајмицата, но Галатасарај ќе ги преземе трошоците за неговата плата која изнесува шест милиони евра.

Осимен во Наполи беше „отпишан“ и тренерот Антонио Конте воопшто не сметаше на него, па и затоа Нигериецот прифати преселба во Турција каде што преодниот рок се уште е отворен.

Медиумите шпекулираа и дека има клазула според која ако пристигне адекватна понуда може да потпише за друг клуб во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид фаворит за потписот на Виртц

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Реал Мадрид, пишуваат…