Главните кандидат за титулата во македонското ракометно првенство, Еурофарм Пелистер и Вардар ќе ја водат главната битка за титулата на 1. мај.
Еурофарм Пелистер победи во Скопје на последниот натпревар и има предност пред најголемиот ривал. Се освен победа за Вардар во Битола ќе значи титула за домашниот состав.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На титулата пелистерци чекаат цели 17 години, а во својата историја ги имаат вкупно седум, Вардар е рекордер со 14 освоени трофеи.
Ќе потсетиме, Вардар и Еурофарм Пелистер ќе бидат главните ривали и за титулата во Купот на Македонија за кој ќе се борат на фајнлфор турнирот во Кавадарци кој е на програмата од 13. до 15. мај.
Фото: РК Еурофарм Пелистер