Дома Фудбал Останато Познато зошто Фенербахче го напушти теренот по една минута

Познато зошто Фенербахче го напушти теренот по една минута

Фудбалерите на турскиот гигант Фенербахче го напуштија теренот уште во првата минута од финалето на Суперкупот, во кое играа против Галатасарај. Мауро Икарди, напаѓачот на Галатасарај, постигна гол за водство на својот тим уште во првата минута, а фудбалерите на Фенер го напуштија теренот.

Челниците на Фенер одлучија на овој натпревар да испратат јуниори за да го изразат својот протест поради безбедносните мерки на последниот натпревар со Трабзонспор. Во тој натпревар ќе потсетиме навивачи влетаа во теренот и ги нападнаа играчите на Фенербахче, а беше повреден и хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ. Пред натпреварот од Суперкупот побараа промена на распоредот и да судат странски судии, но фудбалскиот сојуз одби. Турските медиуми пишуваа дека клубот дури размислува и за напуштање на лигата.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Сега клубот излезе со соопштение во кое се обиде да ги објасни причините за оваа постапка. Тие се потсетија на случајот од пред девет години, кога автобус со играчи на Фенербахче беше нападнат по гостувањето во Ризе.

„Неправдите кои ги доживеавме, заверите за терористички организации, обидот за убиство на нашите фудбалери на гостувањето во Ризе, обидот за линч над фудбалерите на последното гостување, тука е и судиското малтретирање во кое ни е украдено првенството. Еден од факторите кои најмногу не боли и не тера да ја разгледаме сегашната ситуација е што обидот за убиство се уште не е расчистен.

И тогашната управа сакаше да го напушти првенственото одреден период и да не игра натпревари. Натпреварите беа продолжени по убедување дека ситуацијата ќе биде подобра, не убедуваа дека криминалците ќе бидат пронајдени. И тоа споменатите ситуации се само некои списокот може да биде и поголем“, изјави сопственикот на Фенербахче, Али Коч.

На крајот од соопштението се додава дека потегот од натпреварот од Суперкупот е само првиот што Фенербахче има намера да го направи во борбата против неправдата што ја чувствува. „Време е да се ресетира турскиот фудбал“, е пораката на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Пол се налути и објасни зошто Тајсон го промашувал во борбата

Популарниот јутјубер Џејк Пол пред неколку дена го победи на поени легендарниот Мајк Тајсо…