Дома Фудбал Познато зошто Зидан нема да работи во Премиер лигата

Познато зошто Зидан нема да работи во Премиер лигата

Зинедин Зидан во скора иднина нема да работи во Премиер лигата, тврди неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата Емануел Пети.

Пети открива дека Зидан не знае англиски јазик, а за него од исклучително значење е комуникацијата со фудбалерите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Зидан е слободен, па во последните денови неговото име често се поврзува со Челзи и Тотенхем, кои се во потрага по нов тренер.

„Зидан нема да дојде во Англија. Знаеше зошто? Бидејќи не зборува англиски јазик. Тоа е вистината. Го познавам долги години и Зидан и начинот на кој комуницира со играчите. Тој е многу близок со нив и сака постојано да разговараат. Зизу не сака некој да преведува се што ќе каже тој, бидејќи така се отежнува комуникацијата“, тврди Пети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Данска ќе има натпревар и на „Фалангата“ – ќе се игра пред спектаклот на „Паркен“!

Македонската репрезентација во четврток ја очекува клучниот бараж натпревар против Данска …