Дома Фудбал Италија Зидан се враќа во клубот каде ја доживеа својата афирмација

Зидан се враќа во клубот каде ја доживеа својата афирмација

После скоро три години откако го напушти кормилото на Реал Мадрид, Зинедин Зидан покажува сериозна намера да се врати на тренерската работа.

Луѓе блиски до Французинот тврдат дека тој е одлучен во намерата да се врати и веќе го избрал новиот клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Станува збор за Јувентус, клуб каде Зидан ја доживеа својата афирмација и играше од 1996 до 2001 година.

Зидан сака во Јувентус да го направи тоа што го направи со Реал и да успее да освојува трофеи и како тренер, откако своевремено тоа го правеше како играч.

Јувентус е спремен на лето да направи тренерска смена, а прв избор за „старата дама“ е токму Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…