Дома Фудбал Останато Познати резултатите од аутопсијата: Марадона умрел во агонија

Познати резултатите од аутопсијата: Марадона умрел во агонија

Продолжува истрагата за смртта на славниот аргентински фудбалер Диего Марадона, а денес беа објавени се резултатите од обдукцијата и целосните токсиколошки анализи.

Сега се официјално познати сите детали за смртта на еден од најголемите фудбалери во историјата, кој почина на 61 година, неколку дена по операција на мозокот.

Како што беше објавено, Марадона не конзумирал дрога или алкохол пред смртта, бидејќи не биле пронајдени траги во неговата крв. Сепак, утврдено е дека славниот Аргентинец бил на антидепресиви и лекови.

Резултатите од обдукцијата тврдат дека Марадона не умрел брзо, но дека пред смртта доживеал агонија која може да трае меѓу шест и осум часа.

Оваа шокантна вест сигурно ќе доведе до реакција на правниот тим, кој уште порано тврдеше дека смртта на Марадона се должи на небрежност на лекарот.

Официјален извештај за обдукција вели дека Марадона починал од „акутен белодробен едем поради влошување на срцевата слабост“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Галијани позитивен на коронавирус

Aдријано Галијани, 76 годишниот директор на второлигашот Монца е заразен со коронавирус. С…