Францускиот фудбалер Самир Насри има нов клуб.
Како и што се најавуваше Насри премина од Вест Хем во Андерлехт.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поточно кажано откако му истече договорот со англискиот клуб одлучи кариерата да ја продолжи во Белгија каде што ќе му се придружи на поранешниот соиграч од Манчестер Сити Винсент Компани кој играч и тренер во Андерлехт.
32 годишниот француски репрезентативец во текот на кариерата настапуваше за Марсеј, Арсенал, Манчестер Сити, Севиља, Анталиспор и Вест Хем. За репрезентација запиша 41 настап и постигна пет голови.
Прилика за деби во новиот клуб Насри ќе има веќе утре кога неговиот нов клуб ќе игра пријателски натпревар против Ајакс.
He's in! Welcome Samir Nasri. Bienvenue au #RSCA. #WelcomeSamir #COYM pic.twitter.com/Na6f99joCQ
— RSC Anderlecht (@rscanderlecht) July 5, 2019