Дома Останати Тенис Побогата е од Новак, Надал и Федерер, а сега ја исфрли втората во светот и направи сензација на Вимблдон

Побогата е од Новак, Надал и Федерер, а сега ја исфрли втората во светот и направи сензација на Вимблдон

Американската тенисерка Ема Наваро се пласираше во четвртфиналето на Вимблдон, откако синоќа во осминафиналето ја совлада својата сонародничка Коко Гоф со резултат 6:4, 6:3.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Натпреварот траеше 76 минути. Наваро е 17. тенисерка во светот, додека Гоф е втора на ВТА листата.

Наваро со победата го постигна најголемиот успех во кариерата на Грен слем турнирите.

Таа во четвртфиналето ќе игра против Паолини.

За потсетување, семејството на Ема е основач на Sherman Financial Group, а освен тоа поседува и голем број хотели и тениски турнири, во вредност од околу 300.000.000 долари.

Нејзиниот татко, се проценува дека вреди дури 1,5 милијарди долари, што ја прави Ема најбогатата тенисерка, побогата од Новак, Федерер и Надал…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Тенисер на камера остави порака за Лионел Меси: Еве за каква љубов станува збор кон капитенот на Аргентина (Видео)

Иако звучи малку грубо, единствената вистина е дека сите други спортови и натпреварувања з…