Жирона е вистински хит сезонава во европскиот фудбал, а вчера со победа (2:4) против Барселона го преземеаа лидерското место на табелата по 16 кола.
Сигурно дека и најголемите оптмисти и навивачи не очекуваа дека Жирона по 16 натпревари ќе биде лидер во Ла Лига, веројатно во клубот пред почетокот на сезоната некој да им понудеше излез во Европа и преку Конференциска лига ќе „потпишеа“ со две раце.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Жирона влезе со примерна цела да не испадне од првенството, а сега живеат вистинска бајка.
Тренерот на Жирона, Мичел по натпреварот истакна дека добро е што опстанокот го обезбедиле.
„Добро е, сега имаме 41 бод и обезбедивме опстанок. Титулата секако не ни беше цел пред почетокот на сезоната. Ова што го направивме против Барселона е историја. Секако дека сме задоволни играме убав фудбал и победуваме. Сакаме да рушиме бариери. Дали имаме капацитет да се бориме за титулата ќе видиме во последната третина од сезоната. Дотогаш мора да стоиме цврсто на земја“, изјави Мичел.