Дома Македонски спорт Мак фудбал Куп: Победа со гол во 94. минута донесе пенал драма: Сепак на крајот се радуваше Вардар!

Куп: Победа со гол во 94. минута донесе пенал драма: Сепак на крајот се радуваше Вардар!

Вардар и победа го играа дербито во Купот на Македонија, а натпреварот донесе големи возбудувања и се решаваше на пенали.

Навивачите на Победа и овој пат приредија фантастична атмосфера која што доликува на едно од најголемите македонски дербија. Во првото полувреме погодоци не видовме.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


До водство стигна Вардар во 53. минута кога Блажевски постигна фантастичен гол од слободен удар. Предноста на Вардар беше актуелна се до самиот финиш од натпреварот.

Кога можеби домаќините беа помирени со поразот Победа стигна до гол во 94. минута. Според правилата во оваа фаза од купот немаше продолженија и веднаш се пристапи кон изведувањето на пенали.

Гледавме драматична пенал серија од која на крајот како победник излезе Вардар со вкупни 5:6.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…