Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ: Шкендија на чекор од титула, Вардар и Ренова ремизираа во дербито на дното

ПМФЛ: Шкендија на чекор од титула, Вардар и Ренова ремизираа во дербито на дното

После 27. коло во ПМФЛ Шкендија дојде на чекор од титулата откако тие славеа, а најблискиот нивни конкурент загуби.

До денешната победа против Академија Пандев Шкендија дојде со голот во 52. минута. Шкупи од друга страна запиша неочекуван пораз од Беласица, единствениот гол на овој натпревар го постигна Демир во 11. минута.

Вардар играше директен дуел за опстанок со Ренова и во тој натпревар немаше победник. Ренова до предност дојде во 15. минута преку Јашаровски, а Мирчевски изедначи на 1:1.

Македонија Ѓорче Петров со 2:1 славеше победа против Борец, а Фазли беше двоен стрелец, Мишов го постигна голот за Борец.

Најефикасна беше средбата помеѓу Пелистер и Силекс која заврши со 3:2 за битолчани. Силекс водеше 2:0 со головите на Ѓоргиев и Тантуровски, а Пелистер преку Драгарски, Илиевски и Нето режираше пресврт.

Фото: Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Богаташ купи клуб за да може да игра неговиот син од 126 килограми📷

Фудбалските клубови за жал станаа „играчки“ на богатите луѓе. Па неверојатна приказна ни п…