Дома Македонски спорт Мак фудбал Платица го скрши отпорот на Силекс во 96. минута!

Платица го скрши отпорот на Силекс во 96. минута!

Тимот на Силекс денес го одигра реваншот против Петрокуб и беше елиминиран со гол во последните секунди од натпреварот.

Бункерот на кратовци издржа се до 96. минута кога Михаил Платица ја погоди мрежата на Божиновски.

Силекс беше ориентиран на одбрана и ретко го минуваше центарот на теренот, Петрокуб напаѓаше, меѓутоа без некој посериозни прилики. Колку се играше пред половината на Силекс покажуваат и 17. корнери кои ги изведоа домаќините.

Токму после еден корнер Платица ја погоди мрежата.

Ќе потсетиме во Скопје натпреварот заврши 1:1, а стрелец за Петрокуб и во тој дуел беше Платица.

Фото: Петрокуб

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Челзи му го нуди Канте на Арсенал

Францускиот репрезентативец Нголо Канте во зимскиот преоден рок би можел да го напушти Чел…