Поранешниот претседател на УЕФА Мишел Платини, кој беше уапсен вчера во Нантери, Франција, е пуштен на слобода, потврдија француските медиуми.
Адвокатот на Платини, Вилијам Бурдон по излегувањето на неговиот клиент од притвор објасни дека тој не беше уапсен, туку бил задржан како сведок во целиот случај.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Платини е ослободен од притвор. Се крена голема врева без потреба. Јас и мојот штитеник сме мирни и сигурни во крајниот резултат на истрагата“, изјави Бурдон.
Добивањето на организацијата на СП 2022 година е под голем сомнеж, обвинувањата се дека Катар платил околу 400 милиони евра мито за да го организира Мундијалот.
Медиумите објавија дека една од клучните улоги во лобирањето и давањето мито ја имал токму Платини кој од 2007 година па се до 2015 година беше претседател на УЕФА.
Веднаш по доделувањето на организацијата на СП, во 2010 година, истражните власти во Франција, Швајцарија и американскиот ФБИ започнаа истрага.