Дома Фудбал Англија Пирс Морган: На крајот на сезоната Тен Хаг ќе падне на колена за прошка

Пирс Морган: На крајот на сезоната Тен Хаг ќе падне на колена за прошка


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Пирс Морган, кој се претвори во најголем заштитник на Кристиано Роналдо после контроверзното интервју, повторно ги изнервира фановите на Манчестер Јунајтед.

Популарниот новинар, кој е навивач на Арсенал, не се согласува со тврдењата дека „црвените ѓаволи“ играат подобро после заминувањето на Роналдо.

„Ги гледав сите нивни натпревари. Победија неколку тимови и имаа добар резултат против Сити, но рано е да се радуваат. Мислам дека во недела ќе ги разбиеме“.

„Би прашал дали некој од овој брилјантен тим на Јунајтед ќе постигне толку голови колку што постигна Роналдо минатата сезона?“, иронично праша Морган.

„Кога ќе ја освоиме титулата, очекувам Тен Хаг да падне на колена за прошка и да се извини на Роналдо за непочитувањето“, додаде новинарот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Монца во следните сезони ќе се бори за Скудето“

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Eкипата на Монца мин…