Фудбалерите на Милан изминатиот викенд повторно ги разочараа своите навивачи бидејќи одиграа 1:1 на свој терен против Наполи.
Навивачите на „Сан Сиро“ посакуваа три бода против тимот во кој владее хаос. На крајот натпреварот заврши без победник (1:1).
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После натпреварот на мета на лутите навивачи Милан се најде хрватскиот репрезентативец Анте Ребиќ. Тој беше стартер против Наполи, но излезе од игра на полувреме поради повреда.
После поразот на Милан се појави фотографија на која се гледа тој и уште неколку играчи на Милан користат мобилни телефони пред самиот почеток на натпреварот.
Во италијанските медиуми после критиките се огласи тренерот Пиоли и објасни зошто тоа им е дозволено.
„Дозволувам употреба на мобилни телефони пред натпреварите. Играчите си ја слушаат омилената музика и на тој начин се мотивираат. Исто така, гледаат и видеа од натпреварите на својот противник. Поради тие работи мобилниот не е забренет“, порача Пиоли.