Дефанзивецот на Барселона Жерар Пике одби да оди на операција на коленото.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Искусниот стопер тешко го повреди коленото во мечот со Атлетико Мадрид и сега одлучи да ризикува со своето опоравување.
Пике одби да оди на операција која докторот Рамон Кугат му ја предложи. Таа операција би го одалечила од теренот помеѓу шест и осум месеци. Пике се одлучи за конзервативни методи на лекување со кои би се вратил на теренот за четири месеци.
Сепак, овој метод е ризичен. Со операцијата коленото се стабилизира и се доведува во ред, но Пике е убеден и дека на друг начин ќе биде исто.