Дома Луд Спорт Пике и Шакира се разведуваат, познато со кого фудбалерот ја изневерувал

Пике и Шакира се разведуваат, познато со кого фудбалерот ја изневерувал

По 12 години врска, на љубовта помеѓу Жерар Пике и Шакира и дојде крајот, тврди „Ел Периодико“.

Познатиот фудбалер се иселил од семејниот дом и се преселил во својот стан во Барселона, каде што живееше пред да ја запознае колумбиската ѕвезда. Странските медиуми тврдат дека пејачката го фатила фудбалерот во кревет со друга жена.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


„Ел Периодико“ тврди дека станува збор за 20-годишна русокоса која студира и работи како хостеса во Барселона.

Името на љубовницата се уште не е откриено, но новинарите на „Ел Периодико“ тврдат дека знаат се за неа.

За потсетување, Шакира и 10 години помладиот Пике се запознаа во Мадрид во 2010 година кога таа дојде да го сними спотот за навивачката химна на Светското првенство „Waka Waka“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Луд Спорт

Проверете

Албански навивачи упаднале во хотелот каде се сместени српските фудбалери

Непријатна ситуација се случи во Аугсбург, односно во хотелот „Максимилијан“ во кој се сме…