Дома Фудбал Пепе стана најстариот играч во историјата на Лигата на шампионите

Пепе стана најстариот играч во историјата на Лигата на шампионите

Пепе е новиот најстар фудбалер во историјата на Лигата на шампионите, ако ги сметаме само играчите на теренот, а не и голманите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа успеа да го постигне на 40 години и 242 дена. Рекордот претходно го држеше легендарниот Алесандро Костакурта, поранешниот дефанзивец на Милан кој последниот настап во Лигата на шампионите го имаше на 40 години и 208 дена.

Пред Пепе останаа само голманите, а тоа се Алан Мекгрегор, Марк Шварцер, Олександар Шовковски, Џанлуиџи Буфон и Марко Балота, кој го држи рекордот со 43 години и 248 дена. Тешко е да се поверува дека Пепе би можел да го достигне овој рекорд.

Пепе во кариерата одигра 115 натпревари во Лигата на шампионите, постигна три гола и асистираше за пет, а освои и три шампионски титули со Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историскиот бод на Курасао е од огромно значење и за Босна и Херцеговина, a еве и зошто! (Видео)

Курасао утрово успеа да направи нешто што многумина мислеа дека е невозможно, а тоа е да г…