Француската ѕвезда на Арсенал Николас Пепе и нашиот Езгјан Алиоски се најдоа во центарот на вниманието откако Пепе заработи директен црвен картон по судирот кој го имаше со Алиоски.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Пепе беше исклучен во 52. минута откако го удри Алиоски со глава. За неговиот потег Пепе се извини преку социјалните мрежи.
„Го оставив тимот на цедило и нема изговор за таквото однесување. Жал ми е сакам да им се извинам на навивачите, на соиграчите, на тренерот и на сите во клубот“, објави Пепе.