Дома Фудбал Лига на шампиони Фудбалскиот свет воодушевен од Пепе: Каков играч, каков човек – легенда!

Фудбалскиот свет воодушевен од Пепе: Каков играч, каков човек – легенда!

Пред точно 20 години Пепе дебитираше во дресот на Порто во Лигата на шампионите, а две децении подоцна во 41-та година одигра блескава партија за која се зборува.

Порто испадна, но Пепе испиша историја. Португалецот неодамна наполни 41 година, но тоа не го спречи да биде еден од најдобрите играчи на „Емирати“. Арсенал помина по подоброто изведување пенали, а да не беше Пепе, веројатно и немаше да се изведуваат пенали.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите ширум светот му се восхитуваат на Пепе и многумина истакнуваат дека тој синоќа докажа дека е еден од најдобрите во историјата на својата позиција.

Пепе уште еднаш покажа голема желба и борбеност во дуелите со сите офанзивци на Арсенал, кои не можеа да здивнат од него.

Некои од коментарите на социјалните мрежи по натпреварот се:

„Пепе има 41 година и одигра ваков натпревар во Лигата на шампионите. Каков играч, каква кариера“.

„Станувам и му аплаудирам на овој човек“.

“Пепе е еден од најдобрите централни дефанзивци во историјата на фудбалот. Дефанзивец од светска класа, тој секогаш создава на големи натпревари и е константен 20 години”.

Додека многумина го паметат како „касапот“ од Реал Мадрид, оној кој крвожеден и често неспортски ги разбиваше своите ривали, особено под водство на Жозе Мурињо, денес повеќето го паметат како еден од најголемите досега.

Сè на сè, тој беше дел од златната генерација на Реал Мадрид, а кариерата реши да ја заврши таму каде што ја започна, во својот Порто, како капитен, со кој ги освои сите можни трофеи во Португалија, а исто така испиша златни страници со националниот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Победи на Белградскиот маратон, за малку ќе поставеше и рекорд – па се сруши на патеката!

Кениецот Гилберт Кимплетинг Чумба победи на Белградскиот маратон кој се одржа денес со вре…