Дома Фудбал Останато Пеле со емотивна порака до Марадона: Ти беше гениј!

Пеле со емотивна порака до Марадона: Ти беше гениј!

Легендата на светскиот фуднал, Пеле со отворено писмо се обрати до починатиот Диего Марадона седум дена по смртта на Аргентинецот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Пеле и Марадона со децении важена како големи ривали и се бореа за титулата „најдобар фудбалер во историјата“.

„Пред седум дена ти замина. Многу луѓе направија споредби меѓу нас. Ти беше гениј, кој го воодушеви светот. Магионичар со топката. Вистинска легенда. Но, за мене засекогаш ќе бидеш голем пријател, со огромно срце. Знам дека светот би бил многу подобар ако луѓето престанат да споредуваат и почнат да ни се восхитуваат уште повеќе. Сакам да кажам – ти не можеш со никого да се споредиш. Твоето предвремето заминување ме спречи да ти кажам, но сега ќе ти пишам: Те сакам, Диего. Мој мил пријателе, ти благодарам“, напиша Пеле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мурињо се сѐ повеќе поврзува со Реал – конечно го прекина молкот и ги коментираше шпекулациите

Жозе Мурињо ги негираше медиумските гласини кои го поврзуваат со враќање во Реал Мадрид. Н…