Дома Фудбал Педри: Реал ме одби, а тоа ме мотивираше

Педри: Реал ме одби, а тоа ме мотивираше

Барселона во „Ел Класико“ минатиот викенд славеше убедлива победа против Реал Мадрид од 0:4, а посебно значење оваа победа имаше за младиот Педри.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Педри бил на проба во Реал Мадрид, но од таму му било кажано дека не е доволно добар.

„Бев во Реал Мадрид на проба, во првите неколку дена не можев да тренирам затоа што имаше снег. Тренирав три дена. Ме испратија да тренирам со Б тимот, а потоа ми кажаа дека не сум на нивото на кое тореба да бидам за да играм за Реал. Еве денес сум тука каде што сум“.

„Тоа одбивање не го прифатив лесно бидејќи никој не сака да биде одбиен. Сепак, подоцна го сфатив тоа како мотивација. Си помислив, ако тие не ме сакаат ќе тренирам уште понапорно, па можеби нешто ќе се промени во иднина“, изјави Педри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ: Начинот на кој Босна загуби е голема лекција на СП за сите

Босна и Херцеговина го заврши настапот на СП. Иако имаа играч повеќе, беа поразени со 2:0 …