Дома Фудбал Останато Парижаните сигурно и убедливо до четвртиот трофеј оваа сезона

Парижаните сигурно и убедливо до четвртиот трофеј оваа сезона

ПСЖ го освои и четвртиот трофеј оваа сезона.

Освоија се што можеше да се освои во Франција оваа сезона, денес успеаа да го освојат и Купот на Франција благодарение на победата над Ле Ербије со 2:0.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Првиот погодок беше забележан во 26. минута од мечот, Ло Селсо доби топка, се намести на удар, па од некои 20тина метри погоди за 1:0.

Ле Ербије се држеше солидно денес, беа во игра на овој меч се до 74. минута, кога Кавани излезе сам пред голманот, го заобиколи, а потоа беше соборен, по што беше покажан удар на белата точка.

Сигурен изведувач беше токму Кавани за конечни 2:0.

Нов успех за ПСЖ, но генералниот впечаток е дека сопствениците на клубот се незадоволни од сезоната поради елиминацијата во Лигата на шампионите во осминафиналето од Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Се појави видео:Откриена новата девојка на Јамал, повозрасна е од него! (Видео)

Осумнаесетгодишниот суперталент на Барселона, Ламин Јамал, веќе се истакна не само на фудб…