Дома Македонски спорт „Пандев е важен за Македонија, но најопасен е Елмас“

„Пандев е важен за Македонија, но најопасен е Елмас“

Македонија утре го натпреварот против Романија со кој ќе ги започнеме квалификациите за Светското првенство во 2022 година.

Селекторот на Романија, Мирел Радои е позитивен на Ковид-19 и нема да ја води Македонија, Романците во овој дуел ќе бидат предводени од неговиот асистент Николае Дича.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Пред утрешниот натпревар Дича зборуваше за медиумите во Романија, а за најголема опасност тој го смета Елиф Елмас.

„Романија има амбиции да се пласира на Мундијалот, па затоа и сакаме да ја победиме Македонија. Пандев е важен играч за Македонија, но најголемата опасност доаѓа од Елиф Елмас. Тој игра во Наполи и знаеме дека може да направи разлика на теренот. За да победиме мораме да го запреме токму него“, смета Дича.

Натпреварот помеѓу Романија и Македонија се игра утре од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Македонските ракометарки поразени од Хрватска

Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…