Дома Фудбал Останато Официјално: Фудбалската кариера на Болт заврши уште пред да започне

Официјално: Фудбалската кариера на Болт заврши уште пред да започне

Усаин Болт уште пред да одигра официјален натпревар стави крај на својата фудбалска кариера.

Легендарниот спринтер долго време се обидуваше, но сепак на крајот не успеа, па одлучи да се откаже.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Болт менуваше неколку клубови каде што беше на проба. Најдолго се задржа во тимот на Маринерс од австралиската лига. За овој тим Болт одигра неколку пријателски средби, дури и се запишуваше во листата на стрелци.

Јамајканецот се раздели со овој клуб кога дојде ред да потпишат професионален договор – Болт бараше плата која клубот ја сметаше за превисока.
Сега Болт се прости со кратка порака.

„Беше убаво додека траеше“, порача легендарниот атлетичар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн го обнови интересот кон Нкунку

Баерн Минхен го обнови интересот кон Кристофер Нкунку од Челси, пренесуваат германските ме…