Дома Топ вести Официјално: Суарез во Атлетико за шест милиони евра!

Официјално: Суарез во Атлетико за шест милиони евра!

Она што се најавуваше доцна вчера вечер доби и официјална потврда – Луис Суарез е нов играч на Атлетико Мадрид.

Некаде околу полноќ Атлетико и Барселона го потврдија трансферот на 33 годишниот Уругваец. Суарез во текот на денешниот ден ќе го има последното обраќање на „Камп Ноу“, а потоа ќе се упати за Мадрид каде што ќе им се придружи на новите соиграчи.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Суарез во претходните шест години за Барса одигра 283 натпревари и постигна 198 голови.

Атлетико на Барселона за Суарез ќе и плати шест милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…