Дома Фудбал Репрезентации Официјално: Салах и Египет добија проверено име за селектор

Официјално: Салах и Египет добија проверено име за селектор

Како и што вчера беше најавено, репрезентацијата на Египет многу брзо доби нов селектор.

Се шпекулираше за повеќе тренерски имиња, се споменуваше и легендарниот Тиери Анри, но Фудбалскиот сојуз на оваа земја се одлучи за проверено име откако Хектор Купер си поднесе оставка, довербата ја доби Мексиканецот Хавиер Агире.

Агире во текот на својата тренерска кариера на два пати беше селектор на репрезентацијата на Мексико која на светските првенство во 2002 и 2010 ја одведе до осминафиналето. Некое време помина и како селектор на Јапонија.

Кога е клупскиот фудбал во прашање беше тренер на Атланта, Пачука, Осасуна, Атлетико Мадрид, Сарагоса, Еспаљол и Ал-Вахд.

Со репрезентацијата на Египет потпише четиригодишен договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Има ли крај на сапуницата: Решена е судбината на Енцо Фернандез?

Иднината на Енцо Фернандез повторно е една од главните теми на фудбалскиот пазар, а новата…