Дома Останати Авто Мото Официјално: Откажан стартот на сезоната во Формула 1

Официјално: Откажан стартот на сезоната во Формула 1

Форумула 1 го откажа стартот на сезоната поради пандемијата на коронавирусот, ова е очекуван исход после серијата одложени спортски настани низ светот.

Мекларен вчера после потврдата дека еден член на нивниот тим е заразен со вирусот се повлече од трката на патеката „Алберт Парк“ со која требаше да започне сезоната. Следуваа бројни настапи на низа возачи помеѓу кои беше и Хамилтон, па Ф1 реши да не се вози овој викенд.

„После потврдата дека член на Мекларен е позитивен на КОВИД-19 и одлуката да се повлечат, Ф1 и ФИА имаа состанок на кој се согласивме дека стартот на сезоната треба да биде откажан. Се извинуваме за ваквите вести, а сите гледачи кои имаа купено билети ќе ги добијат парите назад“, стои во соопштението од Ф1.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Иџе и дефинитивно нема да вози во Италија: Направивме се и чекавме до последен момент, но не успеавме

Maкедонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе не успеа да наје начин како да дојде во Ита…