Форумула 1 го откажа стартот на сезоната поради пандемијата на коронавирусот, ова е очекуван исход после серијата одложени спортски настани низ светот.
Мекларен вчера после потврдата дека еден член на нивниот тим е заразен со вирусот се повлече од трката на патеката „Алберт Парк“ со која требаше да започне сезоната. Следуваа бројни настапи на низа возачи помеѓу кои беше и Хамилтон, па Ф1 реши да не се вози овој викенд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„После потврдата дека член на Мекларен е позитивен на КОВИД-19 и одлуката да се повлечат, Ф1 и ФИА имаа состанок на кој се согласивме дека стартот на сезоната треба да биде откажан. Се извинуваме за ваквите вести, а сите гледачи кои имаа купено билети ќе ги добијат парите назад“, стои во соопштението од Ф1.