Мемфис Депај официјално го напушти Манчестер Јунајтед и кариерата ќе ја продолжи во Франција во дресот на Лион.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Францускиот клуб на „црвените ѓаволи“ за Холанѓанецот ќе му плати 18 милиони евра кои со бонуси можат да достигна и до 25 милиони.
Депај денес и официјално позираше со дресот на Лион и истакна дека е среќен што доаѓа во клуб со богата традиција.
„Ова е нов предизвик за мене во кариерата. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата на раководството и ќе му помогнам на тимот да ги реализира своите цели. Доаѓам во клуб со богата традиција и верувам дека тука ќе имам светла иднина“, изјави Мемфис Депај.