Дома Останати Ракомет Официјално: Лекиќ и Радичевиќ повторно во ист клуб!

Официјално: Лекиќ и Радичевиќ повторно во ист клуб!

ЖРК Будуќност од Подгорица ангажираше огромно засилување во своите редови, а станува збор за поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, Андреа Лекиќ.

Искусната ракометарка реши да одби продолжување на соработката со Букурешт, па се пресели во клубот кој успеа двапати да ја освои женската Лига на шампиони (ЛШ).

Лекиќ ја почна кариерата во Белград, по што настапуваше за Књаз Милош, Крим Меркатор, Гиори Ауди, Ѓер, Вардар и Букурешт.

Да потсетиме, Лекиќ пред да пристигне во Вардар ја освои титулата во ЛШ со Ѓер.

Во Будуќност Лекиќ повторно ќе игра заедно со Јованка Радичевиќ со која ја делеше соблекувалната во Вардар и во Ѓер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар ги пушти во продажба билетите за враќањето во Лигата на шампионите!

Вардар по четири години повторно ќе ги пречека најдобрите европски екипи пред своите навив…