Дома Останати Кошарка Скандалот и срамот од Белград стигна до најпознатите светски медиуми (ФОТО)

Скандалот и срамот од Белград стигна до најпознатите светски медиуми (ФОТО)

Финалната серија во АБА лигата помеѓу Црвена Звезда и Будуќност се уште е во центарот на вниманието поради неверојатните сцени кои се случија во последниот натпревар.

Звезда успеа да дојде до титулата со победа во мајсторката, но натпреварот беше обележан со инцидентот од навивачите на белградскиот тим поради што натпреварот доцнеше дури еден час.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Многумина веруваа дека управата на АБА лигата ќе одлучи да го одложи натпреварот.

Целата приказна дојде и до реномираниот француски медиум „Л’Екип“ кој направи разговор со Едвин Џексон кој е член на Будуќност. Тој објасни што се случувало со што ја шокираше француската јавност.

„Беше неверојатно напнато кога стигнавме во салата. Тоа не е нешто чудно за градовите на Балканот бидејќи атмосферата знае да биде и тоа како жешка. Слушате навреди од трибините, но ова ги помина сите граници. Додека излегувавме на загревањето фрлаа кон нас со се и сешто секој играч беше погоден од еден предмет“.

„Потоа на загревањето на паркетот влегоа неколку навивачи на Звезда, а еден со столче се закануваше дека ќе не удри. Неверојатно е што обезбедувањето го немаше никаде. Во текот на целиот натпревар бевме навредувани. Дури во еден момент кон нас фрлија и цигла и мене ми беше ужасно страв. Ова нема врска со спортот и не ми е јасно како тој натпревар воопшто беше одигран“, објасни Џексон.

Насловот на „Л’Eкип“ за овој натпревар гласеше „Срамната вечер во Белград“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Јокиќ решава за сѐ во Денвер: Тренерот го вклучи алармот и ја нападна управата на клубот

Во Денвер ништо не функционира и сега одлучија сѐ да стават на грбот на Никола Јокиќ. Очек…