Дома Фудбал Англија Официјално: Капитенот го напушта Манчестер Сити

Официјално: Капитенот го напушта Манчестер Сити

После цели 11 години капитенот Винсет Компани ќе го напушти Манчестер Сити, потврди англискиот шампион.

Финалето во ФА Купот против Ватфорд беше неговиот последен натпревар, а сезонава успеа да освои три трофеи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


33-годишниот фудбалер освои четири титули во Премиер-лигата, два трофеи во ФА Купот и четири во Лига Купот, а вкупно одигра 360 натпревари во дресот на Манчестер Сити.

„Безброј пати сум го замислувал овој ден. После се, дојде време за крај, после толку многу години. Манчестер Сити ми даде се. Се обидував да возвратам на најдобриот можен начин. Засекогаш ќе го паметам првиот ден исто како и последниот“, истакна Компани.

Неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а двете страни не успеаа да се договорат за продолжување на соработката.

Белгискиот дефанзивец потврди дека кариерата ќе ја продолжи во Андерлехт како играч-тренер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…